Познатата шпанска оперска пејачка Монсерат Кабаје почина на 85 – годишна возраст.
За нејзината смрт соопштиле лекарите од болница во Барселона каде што била хоспитализирана пејачката.
Најголемиот хит во соло кариерата го испеа со Фреди Меркјури, пејачот на групата Квин. Освен одличниот деловен однос Монсерат и Фреди беа големи пријатели.
По неговата смрт 1991 година, „Барселона“ се испеа и на Олимписките Игри и се најде на самиот врв на мучиките листи во Британија, Холандија и Нов Зеланд.
Инаку, пејачката во 2015 година избегна затворна казна поради даночна измама токму поради лошето здравје.
Имаше обврска да плати 254.000 евра.
Со тенорот Бернаби Марти имаше две деца. Се венчаа во 1964 година.
Други детали за смртта на пејачката сега не се соопштуваат.
Comments are closed for this post.