Легендарниот француски шансониер Шарл Азнавур почина на 94-годишна возраст.
Во текот на неговата 70-годишна кариера сними над 1.200 песни на осум јазици, а беа продадени повеќе од 100 милиони копии од неговите албуми.
Азнавур многумина го нарекуваа „францускиот Синатра”, а во неговата кариера оствари и над 60 филмски улоги.
Тој е роден во Париз во ерменско семејство како Шахнур Вахинаг Азнавуријан и беше познат по острите политички позиции по прашањето за ерменскиот геноцид.
Азнавур беше активен на сцената се до последните денови од својот живот и годинава требаше да одржи повеќе концерти.
Comments are closed for this post.