Магаренцето на МакеДокс, познато по својот инает, и годинава ќе патува и ќе посети неколку села. Сепак и во неговиот инает има зрнце разум и строго почитување на Протоколот за организација на настани. Заради сите пречки и затоа што сеното е набавено од Град Скопје, магаренцето годинава ќе се шета само по скопската околија. Годинава Патувачкото кино на МакеДокс ќе одржи проекции во:
08.10. Драчево (во паркот)
09.10. Радишани (ОУ „Ацо Шопов“)
10.10. Волково (СРЦ „Бранители“)
11.10. Горна Матка
12.10. Булачани (ОУ „Наум Охридски“)

Проекциите ќе почнат во 19 часот.

Магаренцето ќе биде натоварено со содржини за деца и за возрасни, а во новите дисаги се кријат и неколку работилници и еко-акции.

Се гледаме на проекции под ѕвездите и ги каниме сите пријатели од Скопје и скопско, кои сакале да нè посетат минатите години, а локациите им биле далечни, да ни се придружат и да ја осетат сосема поинаквата магија на патувачкото кино на МакеДокс, порачуваат од Македокс.

Секој посетител мора да носи маска, ќе има задолжителна дезинфекција на раце и мерење температура на влез, за секој посетител.