Памела Андерсон, ѕвездата на култната американска серија „Чувари на плажата“ ја прекинала својата романтична врска со францускиот фудбалер, Адил Рами. Како што објавува порталот специјализиран за скандали од шоубизнисот, ТМЗ, до раскинувањето дошло откако Рами и понудил брак на Памела.

Французинот, кој летово со својата репрезентрација стана светски шампион, ја најави желбата за преземање на таквиот чекор во врската со Андерсон уште за време на Мундијалот во Русија кога и подари луксузен прстен од Картие, но кога и официјално и предложил брак, канадаската актерка одбила.

Децата на Рами – причина за раскинот

Од друга страна, магазинот Пејџ сикс, наведува извори блиски до двојката дека главната причина за прекинувањето на врската меѓу Андерсон и Рами се неговите деца, двогодишните близнаци Заин и Мад, коишто Рами ги има од својот брак со моделката Сидони Биемон. Според магазинот, Памела сметала дека таа е причината поради која Рами поминува многу малку време со своите синови и затоа одлучила да излезе од неговиот живот и да му овозможи да има здрава врска со своите деца и нивната мајка.

 

View this post on Instagram

 

Perfect day with my loves ❤️ … #famille #dayoff #relax #rechargelesbatteries #sunonparis ☀️?? M&Z ✨❤️ ?? dieu merci

A post shared by Adil Rami (@adilrami) on

Познанството на 51-годишната Памела и 32-годишниот Адил трае од 2016 година, а од пред повеќе од една година тие и официјално беа во врска. Од тој момент актерката го напушти својот живот во Малибу за да живее со Рами во неговиот дом во Франција.