Некој пак го заборавил Кевин МекКалистер сам дома, но овој пат ситуацијата не изгледа толкустрашно, бидејќи Меколи Калкин, кој се враќа за кратко кон својата историска улога, веќе има 38години.

Улогата на Кевин е римејк на некои од најпопуларните и најзабавни сцени од познатиот филм од 1990 година во реклама на Google за уредите Google Assistant – Home Mini, Home Hub и смартфонот Pixel.

Во видеото се гледа дека Кевин уште умее да ужива во времето кога е сам дома, но со годините забавата малку се променила.

Плаќањето на испораката за пица се случува далечински, афтершејвот веќе не го трауматизира и иако скокањето на креветот се уште му се допаѓа, веќе размислува за перење потоа.