Поранешниот член на тимот „Mythbusters“ Грант Имахара ја посети фабриката на Мекдоналдс во Ајдахо за да открие како се прави нивниот најпопуларен производ – помфрит. Постојат неколку фази на правење помфрит, па така по берењето компирот се лупи, бланшира и се сече со воден топ со пукање под притисок преку машина за сечење со брзина од 100 километри на час.

– Фала му на Бога, од компири е. Тоа е добар почеток – се шегува Имахара и откри уште 18 состојки кои се ставаат во омилениот прилог на сите

Целиот процес на подготовка на компири е исклучително едноставен. На самиот почеток се лупи и сече во потребната форма. Потоа се потопува во декстроза (природен шеќер) за да ја задржи својата златна боја, пред да се третира со динатриум пирофосфат, кој спречува компирот да стане сив на патот кон ресторан за брза храна.

Погледнете го видеото