Популарната игра Minecraft, која се фокусира на градба и истражување, веќе неколку години важи за културолошки феномен.
Ова превенствено е остварено поради отворениот модел на играње и одличната поддршка која Мајкроософт ја дава за оваа игра. Верзијата на Minecraft постои за различни платформи и уреди како што се PC, Xbox One, Nintendo Switch… и сите тие дозволуваат на корисниците да играат заедно.
Неодамна оваа игра наполни 10 години и во таа прилика Мајкрософт објави дека за време на тој перидо продал повеќе од 176 милиони лиценци , што ја прави најпродавана игра било кога.
До ссега првото место го држеше Тетрис,, но овие две игри не можат директно да се споредат затоа што Тетрис го има во повеќе варијанти, а основната има продажва од 70 милиони примероци.
Comments are closed for this post.