Во холандскиот град Утрехт , под централната железничка станица е отворена најголемата гаража за велосипеди на светот. Гаражата има капацитет од 12 500 велосипеди . Холандија , со население од 17 милиони има дури 23 милиони велосипеди и во просек секој жител на оваа земја на велосипед минува 18 минути дневно.
Утрехт е еден од водечките велосипедски градови во светот , па не зачудува што токму таму е изградена најголемата гаража. Пред две години бил отворен првиот дел од паркингот со капацитет од 7 500 велосипеди , а сега е целосно завршен големиот проект. паркингот е на три ката и работи 24 часа.
Comments are closed for this post.