Отворена е нова буџетска програма за културно наследство во опасност. Започнаа конзерваторско-
Ккао што информира министерката, за следната година обезбеден е рекорден буџет за заштита на културното наследство.
Таа појасни дека минатата недела на 98-иот ден од новиот мандат, Владата ги усвои заклучоците по информацијата за спроведување на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.
Воедно, го нагласи и заклучокот дека не ќе може ништо да се гради во Охрид, Струга и Дебарца ако не се земени предвид заштитно-конзерваторските услови кои ги издава Управата за заштита на културно наследство, а ги изработува Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид.
Општините Охрид, Струга и Дебарца при издавање на дозволите за изградба на објекти мора да ги соопштуваат условите согласно Планот за управување со Охридскиот регион.
Првиот работен ден го министерката го почнала со решавање на проблемот на неисплатените плати на 3.600 вработени во културата.
Во услови на светска пандемија на која не и се гледа крајот изготвивме нов концепт за Годишниот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за наредната година. Останав доследна на законската обврска и на сопственото уверување дека членовите на стручни комисии мора да бидат докажани професионалци во својата област. Поддршката на младите во конкурсот не значи дискриминација за останатите. Свежи се сеќавањата на пораките и на енергијата од студентските протести пред шест години. Ако таа движечка сила не ја поддржиме сега, утре веќе ќе биде доцна, рече министерката.
Стефоска појасни дека поради пандемијата оформен е и владин пакет мерки за помош на културата. Поради тоа, како што додаде, токму денеска на веб-страницата на Министерството за култура објавен е нов јавен повик за финансиска поддршка на уметниците и на културните работници.
Воедно, министерката информираше дека со голема внимателност и неопходната стручност започнати се конзерваторско-
Comments are closed for this post.