Во Шангај отворен е најдолгиот бетонски пешачки мост изграден со помош на 3Д техниката на печатење.

Изграден е од страна на тим од Универзитеот за архитектура Цингхуа во Пекинг. Мостот е долг 26,3 метри, а широк 3,6 метри.

Моделиран е по најстариот висечки мост во Кина, прочуениот Жаухоу, изграден помеѓу 589 и 618 година во провинцијата Хебеи.

Цингхуа е изграден од 44 бетонски компоненти кои се изработени со помош на 3Д технологија, додека оградата на мостот е поделена на 68 единици.


Бетонските компоненти се печатени со помош на две „роботски раце“, на кои им биле потребни 450 саати да го завршат процесот. Според проценките, споредено со конвенционалниот процес на градба, направена е заштеда од 33 посто.

Пред почетокот на изградбата на овој мост, направен е помал модел за тестирање и докажување дали може да ги издржи пешаците кои преминувааат или се задржуваат на мостот.

Првиот бетонски мост изграден со технологијата на 3Д печатење отворен е во октомври во 2017 година во Холандија.