Најголемиот светски ланец за кафе Старбакс објави дека во Италија лансира линија на пијалоци – со маслиново масло.

Звучи крајно бизарно, нели?

Сме пробале разни комбинации на кафе, а не мислиме на „стандардните“ со млеко и шеќер, но за вакво нешто досега не сме слушнале. Без разлика дали тоа е поради љубовта на Италијанците кон овој вид масло или не, главниот извршен директор Хауард Шулц вели дека маслиновото масло му дава на кафето пијалок „неочекуван, кадифеен, путер вкус“.

Палетата на овие кафиња, под името Oleato вклучува:

Леден шејк еспресо
Лате со маслиново масло, заедно со овесно млеко на пареа.

Еве како изгледа