18 годишниот Лука е вистински пример дека постојат добри луѓе кои ги почитуваат традициите и вредностите. По смртта на бабата и дедото тој имал само една желба-да не го затвори нивното огниште.
Затоа решил да се врати да живее во селото Семегњово на Златибор и ја обвновил дедовата куќа.Работел се сам а куќата била пред распаѓање. Зачувал и некои од работите на дедото и бабата за да биде како од нивно време, а тука се и семејните фотографии.
Бидејќи татко му е починат, неговата мајка често го носи и враќа од Краљево до селото и ја почитува неговата желба да живее на село.
За роденден Лука од мајка си побарал и добил три овци, наместо како другите деца да бара Таблети и Ајфони.
Лука има и девојка кој не ја запознал во дискотека туку на ливада. Сепак тој планира да се запише на факултет бидејќи е свесен дека од село не се живее но оти секојпат ќе му се враќа. Знае и да меси пита која ја научил од баба си.
И да, има една желбба-да купи автомобил, но од свои пари.
Момче за пример-слушнете ја неговата приказна.
Comments are closed for this post.