Новиот албум на Влатко Стефановски, „Тафталиџе шафл“, изби на првото место на листата најпродавани албуми во Хрватска, оставајќи ги зад себе „Црвена јабука“, Бајага, Габи Новак и „Мајке“.
Во издание на „Кроација рекордс“, Стефановски ги сними албумот во своето домашно студио „Езотерија“, заедно со синот Јан на тапани и басистот Иван Кукиќ. Импресивната листа гости ја сочинуваат Дамир Имери, Кирил Џајковски, Матија Дедиќ, Васил Хаџиманов, Теодосиј Спасов, Никола Ристановски…
Како и останатите соло албуми, Стефановски и овој го посвети на Скопје, поточно на неговото маало Тафталиџе. Тој е создаван во периодот јануари-октомври годинава и содржи девет песни. Успехот на албумот во Хрватска е до толку поголем бидејќи целосно е отпеан на македонски јазик.
Comments are closed for this post.