За еко-населбата Кудадо Малдиви веројатно немате слушнато. Но, во новата година ова рајско катче ќе се најде на светската карта на најлуксузни одморалишта. Се наоѓа на Малдивите. Малиот остров располага со 15 дрвени куќи, што буквално се поставени над морето, а секоја од нив располага со една или две спални.

Комплексот беше отворен на 26 декември 2018 година. Тој е со статус на еко-населба. Секоја куќа располага со соларни панели за енергија, што е доволно за сите 50 гости и 100 луѓе од персоналот.

До рајското катче може да се стигне единствено со мал хидроавион. Другата карактеристика на Кудадо Малдиви е што на него можат да одмараат само лица над 15-годишна возраст. Постои опција целиот комплекс да биде изнајмен за приватни забави и за тоа не постојат ограничувања околу возраста.

Гостите на располагање имаат бар и ресторан со морска храна. Природно, гостите на располагање ќе имаат масажи, фитнес, јога…

За мнозина цената за ноќевање ќе биде астрономска, зашто таа се двиѓи од 3.400 американски долари за куќа со една спална до 4.800 долари за тие со две спални.