На годишното собрание на  Друштвото на ликовни уметници од Битола – ДЛУБ, кое се одржа на 27 март, “online“ преку “zoom“ за нов претседател беше избрана  Нела Петровска.

Покрај тоа што на Собранието на ДЛУБ беше изгласано Нела Петровска да биде идниот претседател, беше избран и  уметнички совет во состав, кој таа го предложи, составенод членовите, Маја Ковачевска, Николче Српчански, Кирил Т-Константин и Александар Поповски.

Инаку, за годинава ДЛУБ има планирано неколку изложби и тоа: самостојна изложба на Марија Велевска Анастасовска (како добитник на наградата “Борислав Траиковски“), Годишна изложба за 2021 година и Изложба на цртеж и графика, кои ќе бидат финансирани од  Министерството за култура.