Една од клучните карактеристики на автомобилот која се гледа кога се купува секако е горивната економичност. Тимот на How To Cars тестирал речиси 700 автомобили за да направи листа од 100 најштедливи модели.
Ние ви пренесуваме кратка листа на десетте најекономични автомобили, од кои осум имаат дизел погон, а два се хибриди, по еден со дизел и бензин варијанта.
Освен моделот и моќта на погонската единица , наведена е и почетната цена, фабричките податоци за потрошувачката и потрошувачката забележана за време на возење по посебно одбрана тест патека долга 155 километри.
„Патеката“ ја чинат 61 километар автопат, 40 километри град и 54 километри возење магистрален пат, при што строго се почитуваат сообраќајните прописи и ограничувања на брзината, вклучувајќи и дел од 20 километри автопат без ограничувања.
Mercedes B 180d (дизел, 109 КС) – 29.375 €
производител: 4,1 l/100 km; тест: 5 l/100 km
Renault Scenic dCi 110 Hybrid (хибрид/дизел, 110 КС) – 28.490 €
производител: 3,6 l/100 km; тест: 5,1 l/100 km
Opel Meriva 1.6 CDTI ecoflex (дизел, 136 КС) – 25.670 €
производител: 4,4 l/100 km; тест: 5,1 l/100 km
Ford B-Max 1.5 TDCI Titanium (дизел, 95 КС) – 21.800 €
производител: 4 l/100 km; тест: 5,2 l/100 km
Ford Grand C-Max 1.5 TDCI Titanium (дизел, 120 КС) – 28.700 €
производител: 4,4 l/100 km; тест: 5,3 l/100 km
Toyota Prius + (хибрид/benzin, 136 КС) – 31.500 €
производител 4,1 l/100 km; тест: 5,4 l/100 km
VW Golf Sportsvan 2.0 TDI (дизел, 150 КС) – 31.475 €
производител: 4,3 l/100 km; тест 5,4 l/100 km
BMW 216d Gran Tourer (дизел, 116 КС) – 30.900 €
производител 3,9 l/100 km; тест 5,4 l/100 km
Kia Venga 1.6 CRDi (дизел, 128 КС) – 22.140 €
производител 4,7 l/100 km тест: 5,5 l/100 km
Citroen Grand C4 Picasso Blue HDi (дизел, 120 КС) – 30.080 €
производител: 4,1 l/100 km; тест 5,5 l/100 km
Целата листа на следниот линк
Comments are closed for this post.