Австралијката Џина Стјуарт, одлучи јавно да се спротивстави на политиката на социјалната мрежа Инстаграм, откако една нејзина разголена фотографија беше забранета од мрежата.
Таквата одлука на Инстаграм предизвика револт кај 48-годишната Стјуарт, која реагира дека нејзината слика била во рамките на дозволените стандарди. Дополнителна причина за револтот на Австралијката е причината поради која таа почнала да постира разголени слики на социјалните мрежи.
Како што вели таа, таквата пракса почнала кога се пријавила натпревар за модели Мис Максим, со цел да ја освои наградата од 25.00 долари за ди помогне на пријателка што доживеала мозочен удар.
Моите фотографии се уметнички и со вкус и само невестуват голотија. Инстаграм е место за уметничко самоискажување и креативност. Како што вели Дита Фон Тис, ‘Гламурот не зависи од возраста. Не мора да бидете убави за да го поседувате. Секој може да го креира’ – вели Стјуарт.
Таа го доби прекарот „Најсекси баба на светот“ поради тоа што е самохрана мајка на четири деца на 27, 25, 22 и 4 години, а има и 1-годишен внук.
View this post on Instagram
❤️You can always throw in the towel, but never never never give up ❤️ #like#share#comment
Comments are closed for this post.