Руското издание на магазинот „Форбс“ ја објави годишната листа на 200 најбогати бизнисмени во Русија. Нов лидер на листата најбогати е Леонид Михелсон, главен акционер и генерален директор на компанијата за гас „Новитек“, чие богатство се проценува на 21 милијарди евра.

Ланскиот најбогат Русин, Владимир Лисин, сопственик на четвртиот по големина руски производител на челик, сега е втор, а „тежи“ 18 милијарди евра. Трет е претседателот на „Лукоил“, Вагит Алекперов, со богатство од 17 милијарди евра.

Кај нас најпознатиот – Роман Абрамович, сопственикот на англискиот фудбалски клуб „Челзи“, е на десеттото место и „тежи“ десет милијарди евра. Тој е сопственик или косопственик на повеќе големи компании, како „Газпром нефт“, „Русал“, „Аерофлот“…