Ед Ширан го урна светскиот рекорд по заработката на турнеја во една година.
Во текот на 2018 , 27 годишниот Ед Ширан заработи речиси 380 милиони евра или повеќе од милион евра дневно. Така , Ширан ја помина колешката Тејлор Свифт , која од својата турнеја ”Reputation” заработи 270 милиони евра за една година.
Меѓу топ 10 музичари кои заработија најмногу годинава се и Бијонсе и Џеј-Зи ,кои на заедничката турнеја заработија вкупно 220 милиони евра. По нив се Пинк, Бруно Марс, Ролинг Стоунс и Ју2.
Заработувачката на музичките ѕвезди била пресметана само од продажбата на влезници за концертите . Не се сметани спонзорствата , продабата на предмети , сувенири и други додатоци.
Comments are closed for this post.