Националната опера и балет со задоволство ja најавува премиерната изведба на музичко – сценското дело „Игри на животот“ на 26.05.2021, 20.00 часот, салон на Национална опера и балет. Главната тема-идеја на проектот е Љубовта, прикажана низ делата на Хендел, Бах, Персел, Рамо. Споени во една приказна Кралицата Шиба, Кралицата самовила, Осман Паша… кои низ своите приказни ни покажуваат како војувале за љубов, се одмаздувале и љубеле безусловно, помирувајќи се со загуба на љубената и по цена на својот живот. Идеја: Татијана Петрушевска – прва обоа во Национална опера и балет Диригент: Иван Еминовиќ, Режисер: Љупка Јакимовска, Кореограф: Саша Евтимова Сценограф: Марија Ветероска, Костимограф: Ангела Богевска, Визуелна мултимедија: Емил Пачковски и Дарко Даутовски, Светло дизајн: Милчо Александров, Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски Солисти: Билјана Јосифов (сопран), Драган Ампов (баритон).
Оркестар: Климент Тодороски, Јане Бакевски – виолини, Марија Георгиева – виола Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас, Марија Јакимовска – флејта / пиколо Татијана Петрушевска, Ѓорѓи Петрушевски – обои, Марјан Милошевски – фагот, Теодор Теодосиевски – ударни инструменти Балет:Eндру Кук, Бaлаж Лaшеи, Саша Евтимова Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во строго ограничен број!
Comments are closed for this post.