Во делови од хрватскиот Јадран годинава наплаќаат и користење на плажа, односно капење во море, па така, на пример, „дневниот престој“ во кампот „Млашка“ на островот Хвар чини две евра, пишува денеска сплитска „Слободна Далмација“.
Ако сме корисници на кампот – во ред, нешто што е под концесија треба да се наплати, но колку што можам да видам на достапните веб-страници, тој камп воопшто нема концесија на плажа, а камоли за концесија која вклучува наплата за користење на морето, рекла една жена за сплитскиот весник.
Ми рекоа дека треба да платам три дневни билети за капење на плажа, за тројца возрасни, додала таа.
Појаснила дека не се работи за лежалка, чадор, или паркинг, туку цена од две евра по човек за капење и користење на плажата.
Жената обелоденила дека ова непријатно искуство го доживеала на источната страна на островот, а на сметката што ја добила, услугата е наведена како „дневен престој“, без дополнително објаснување.
Comments are closed for this post.