Јапонецот Масазо Нонака, најстариот маж на светот, почина во 114 та година. Нонака, кој е роден на 25 јули 1905 година почина во сон во својот дома на јапонскиот остров Хокаидо, соопшти неговата фамилија.

Во родниот крај, каде има извори на топла вода, неговата фамилија веќе четири генерации држи гостилница, која сега ја води нековата внука, Јуко Нонака.

Гинис во април 2018 година го прогласи Нонака за најстар маж на светот кога имаше 112 години.

Внуката на Нонака изјавила дека нејзиниот дедо немал проблеми со здравјето. Тој сакал да јаде слатки работи, а ги надживеал седумте браќа и сестри, сопруга, како и тројца од неговите пет деца.

Редовно се бањал во термалните извори, по гостилницата се движел со инвалидска количка, а бил познат и по волнената капа што ја носел.