„Музика за 30 прсти“ е наслов на концертот кој вечерва од 19 часот ќе се одржи во фоајето на Национална опера и балет во рамки на фестивалот „Есенски музички свечености“.
Пијанистките Сара Пројковска, Марија Вршкова и Елена Атанасовска-Ивановска пред присутните ќе ги изведат делата од Черни, Крас, Де Фаља, Рахманинов и Бајнов, соопшти Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.
Влезот е слободен, но со ограничен број на публика и со претходна најава на телефоните 3165 064 и 3222 341 најдоцна до денеска во 11 часот или на електронската адреса: skleto@unet.com.mk. Концертот се организира со почитување на здравствените протоколи за јавни настани.
Comments are closed for this post.