Од 26-ти до 28-ми овој месец традиционално ќе биде одржан македонскиот вински фестивал „Skopje Wine Expo“.
Фестивалот се одржува под покровителство на Град Скопје, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во македонските вина, гурмански специјалитети, но и музика за сите вкусови.
Посетителите ќе ги забавуваат доајените на македонската музичка сцена Ефто Пупиноски и Блага Петреска, дувачката сензација Брас Брадерс, српскиот поп бенд Тропико, Слаткаристика, најпознатиот бугарски продуцент Криско, како и бугарскиот пејач Графа, групата Нокаут, Ареа, Александра Јанева и Марко Логаут со специјалниот проект – Тоше Проески Трибјут, Либеро Бенд и Ксмет Оркестар со after work забави, Амон Мра, Дј Оки Доки, како и најдобриот real tribute на Бијело Дугме.
Програмата започнува секој ден во 18 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ.
Comments are closed for this post.