Meланија Трамп влезе во историјата како првата американска претседателска жена која летала со воениот авион V-22 Oспри (V-22 Osprey).

Таа пред неколку дена ја посетила воздухопловната воена база “Ленгли-Џастис” во Хемптон, Вирџинија, каде се дружела со војниците и децата.

Разменувала “хај фајв” со децата, ги разгледувала авионите, но војниците ги израдувала најмногу можноста да се фотографираат со преубавата Меланија.