Супер – култните „Масив атак“ (Massive Attack) се враќаат во Скопје по 15 години, овојпат за сите генерации – и за оние што веќе ги гледале, но и за оние кои досега само слушале за нив!
Ако има некаква реална корист од технологијата и фактот дека таа секој ден е се’ подобра и подобра, а некои животни сегменти поради неа се се’ полоши и полоши, сигурно сте свесни дека, благодарение на неа, денес “MASSIVE ATTACK” звучат и изгледаат на сцена подобро од кога било досега.
Тоа е така затоа што нивната музика е едноставно бесмртна, а техничките можности за нејзината презентација и интерперетација во живо подобри од било кога.
Нивната релевантност, како што кажува насловот, ниту била, ниту ќе биде доведена во прашање во било кое време и на било кое место на планетава.
“Massive Attack” се голем бенд и без конкуренција во она што и’ го пружаат на публиката, од “headline” настапите на големите светски фестивали, па до соло концертите, како овој што летово ќе го имаме во Скопје.
Па, зарем имаат било каква конкуренција во светската дискографија песни како
“Safe from harm “, “Angel”, Teardrop”, Protection “, “Unfinished Symphony “, “Inertia Creeps”, како песни кои во живо се далеку повозбудливи од студиските верзии, и кои ќе бидат со нас на 28 јуни – сабота на Стадион на АРМ?!
За да се случат годинава во нашата земја “Massive Attack”, не требаше многу коцки да се склопат. Требаше да учествуваме во склопувањето на мозаикот од самиот почеток на склопување на нивната светска турнеја.
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (5-ти март) во 10 часот наутро на avalonbooking.mk, а сите детали околу истите ќе бидат објавени утре во 21 часот на нашите платформи.
Одиме понатаму, забавата само што почна“, најавуваат организаторите на овој спектакуларен концерт.
Comments are closed for this post.