Се вршат последните подготовки за Јубилејното 40- то издание на Фестивалот за забавни мелодии „Макфест“, што ќе се одржи на 23,24 и 25-ти октомври во Штип.

Програмата ќе биде поделена во три фестивалски вечери, од кои првата ќе биде дебитантска, посветена на млади луѓе, недоволно познати на пошироката јавност. Меѓу нив ќе имаме можност да ја слушнеме младата и талентирана Анастасија Никова со баладата „Сите sвезди паѓаат“. Текстот и музиката на оваа песна се дело на Марија Спасовска, а аранжманот на Дарко Андонов и Кире Јакимов.

Покрај тоа што Анастасија е студент на Институтот за социјална работа и социјална работа при УКИМ, со голема љубов и посветеност посетува часови по пеење кај професорката Андријана Јаневска.

Песната „Сите sвезди паѓаат“ е круна на долгогодишното пријателство на Анастасија со Марија Спасовска, која е веќе докажана македонска поп-пејачка, текстописец и композитор. Тие две со години беа дел од детскиот хор „Златно Славејче“ и имаа успешни настапи и како солисти.

За Анастасија Никова можноста да настапи во првата дебитантска вечер на „Макфест“, е остварување на нејзиниот долгогодишен сон , бидејќи токму на овој фестивал започна кариерата на голем број македонски музички имиња. Верува дека успешно ќе се претстави пред многубројната публика и гледачите на Македонската радио- телевизија, што ќе врши директен пренос.