Доволни се само две минути од четиричасовниот филм „Напуштајќи ја Недојдија“ („Leaving Neverland“) за да разберете дека наследството на Кралот на попот, Мајкл Џексон, веќе никогаш нема да биде исто. Станува збор за документарниот филм кој почнува со пофални зборови за талентот на Мајкл, а потоа истата личност ја крева главата и пред камерата изјавува:Освен тоа, сексуално ме злоупотребуваше седум години“.
Филмот е прикажан на Фестивалот Санденс, а компанијата која го застапува Џексон вели дека станува збор за бескруполозно и патетично однсеување и оти на тој начин се настојува да се заработи.
Режисер на филмот е Ден Рид, кон кого обожавателите на Мајлк Џексон сега упатуваат стотици закани. Во филмот на Ред, кој ќе се прикажува и на ХБО, зборуваат двајца мажи кои во детални сведоштва го обвинуваат Џексон дека додека биле деца тој сексуално ги злоставувал. Тие злоставувања се опишани толку детаљно, што пред киносалата каде се прикажувал филмот имало екипи на брза помош за да им помагаат на луѓето на кои им се лошело.
Станува збор за Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак кои наводно Мајл Џексон ги злоставувал упте кога биле малолетни, а клучна улога во сето тоа играле нивните мајки, кои биле заслепени од Мајкл и ништо не можеле да забележат.
Сејфчак се запознал со Мајкл додека ја снимале рекламата за „Пепси“, а пријателствотото потоа поп пејачот го претворил во сексуално. Тој во филмот кажува дека од Мајкл Џексон научил како да мастурбира, а потоа тоа прераснало во сексуална врска. Кога Џексон го изградил „Неверленд“ му било полесно своите сексуални пориви да ги крие од очите на јавноста. Сејфчак тврди дека Мајкл Џексон орално го задоволувал и му велел дека неговата мајка е злобна и оти сите жени се зли.
Робсон станал сексуална жртва на Џексон кога имал само 7 години. Неговата мајка го оставила сам во Неверленд цели 5 дена.
„Мене и тебе не спои Бог….ако другите дознаат за ова што го правиме ќе одиме во затвор…“, му зборувал Џексон.
Како награда за сексуалните услуги му давал накит. Еден прстен се уште го чува и го покажува во филмот.
Двајцата велат дека со Џексон морале да гледаат порно филмови, оти им давал алкохол, а како старееле така паѓале во втор план, а нивното место го заземале некои други момчиња.
Еден од нив, според Робсон е Меколи Калкин, но тој негира дека имал сексуална врска со Џексон и оти биле нормални пријатели.
Comments are closed for this post.