Многумина што испиле премногу кафе, сок или вода веројатно имале ситуација кога трпеле со стисната бешика до дома. Ним им е добро познато чувството на олеснување што го имаат кога ќе се испразнат, но ретко кој знае дека всушност во тој момент доживеал „пигазам“.
Ако некој се прашува што значи тој термин, тоа е интензивно чувство што е многу слично на оргазмот.
Кога бешиката ќе се наполни додека спиете, таа ги стимулира нервите на сексуалните органи поради што може да имате сексуални сништа и да доживеете оргазам додека спиете – вели гинекологот, Шарлота Елдер за Њујорк Пост.
Терминот станува се попопуларен во последно време, особено кај жените со недостатот на оргазми, но гинеколозите предупредуваат на штетата што може да предизвика.
Бешиката треба да се третира со почит. Кога ви се оди во тоалет, одете тогаш и не чекајте да имате чувство дека ќе пукнете – вели доктор Елдер, предупредувајќи дека со таклвата пракса всушност доаѓа до растегнување на бешиката и повредите што може да бидат предизвикани со тоа, може да траат со години.
Comments are closed for this post.