Во Лас Вегас е отворен музеј на марихуаната, што во иднина ќе биде една од главните атракции во градот познат по големиот број казина и коцкарници. Во музејот ќе бидат изложени голем број експонати, меѓу кои највпечатлив ќе биде големиот стаклен бонг, што ќе биде повисок од жирафа.
Освен од забавен карактер предвидено е музејот да има и едукативна нота, односно во него посетителите ќе може да научат нешто повеќе за канабисот. На посетителите нема да им биде дозволено да запалат џоинт затоа што во Невада е забранета употребата на опојни дроги на јавно место.
Како што изјави основачот на музејот, Џеј Џеј Вокер, неговата цел е да се дестигаматизира употребата на марихуана.
Музејот ќе ги прими првите посетители речиси 15 месеци откако возрасните лица во Невада добија право да купуваат марихуана за рекреативни цели без рецепт, а продажбата досега ги надмина сите очекувања.
Comments are closed for this post.