Владо Јаневски синоќа го одржа еден од најдобрите концерти во тридецениската кариера .Античкиот театар беше преполн со негови фанови,но и со млади кои не биле ни родени кога ги создавал најголемите хитови .
А Владо знае како со публиката, има посебен шарм и чаирски мангуплик иако веќе со години не живее во населбата која стана романтика.Најемитивниот момент на концертот се случи кога Владо песната “Недостасуваш и ја посвети на почината во пожарот во Кочани Сара Пројковска која му пееше пратечки вокали.
Лани бевме десет сега сме девет.Сара ни отиде. На концертите во Филхармонија ме праша како правам волку тажни песни.Ова е нејзина песна,рече Владо со солзи во очите.
Тој ги најави концерите на 27 декември во Скопје и догодина во август на истото место во Охрид.
Comments are closed for this post.