Необична случка имаше руската полиција во градот Волжск. Во полициското комбе носеше локален крадец кон полициската станица. Во еден момент задната врата од марицата се отвори и тој се струполи на асфалтот.

По стотина метри полицијата сфати дека го нема притвореникот и се врати да го собере. За среќа тој беше премногу пијан за да го искористи моментот и да избега.