Вечерва во Македонската Филхармонија со почеток во 20:00 часот, не очекува уште еден прекрасен концерт како дел од проектот ,,Месец на 30 години Авалон Продукција”. Станува збор за концертот ,,Во слава на Зафир Хаџиманов”.

На 17-ти декември во Македонска филхармонија ќе се слави животот и делото на големиот Зафир Хаџиманов, заедно со Васил Хаџиманов бенд, Бисера Велетанлиќ, Калиопи, Коле Ангеловски, Никола Ристановски, Сашо Гигов – Гиш, Марта Хаџиманов и Виктор Тумбас.

 

Овој концерт е единствен и нема да има реприза.

Преостанатите влезници се достапни онлајн на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на ticketx низ Македонија.