Трагичната приказна за љубовниот триаголник – „Кавалерија Рустикана“ од Пјетро Маскањи, која истовремено е приказна и за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата, ќе се изведе во Националната опера и балет овој петок, со почеток во 20 часот.
Диригент на концертната изведба ќе биде Иван Еминовиќ, а ќе настапат солистите Весна Ѓиновска Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Катерина Стојановска, Соња Пендовска Мадевска, како и хорот и Оркестарот на Националната опера и балет.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.
Од институцијата известуваат дека задолжително е носење на заштитна маска, а влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.
Comments are closed for this post.