Индискиот премиер Нарендра Моди е најголем „инфлуенсер” меѓу државниците, кого на Инстаграм го следат дури 15,5 милиони луѓе.
View this post on Instagram
Според студијата која ја спроведе страницата „Twiplomacy Study 2018“, на второ место е индонезискиот претседател Јоко Видодо, кого го следат 12 милиони луѓе, а на трето место е Трамп, со 10 милиони следбеници.
Меѓу 50 државници, кои на Инстаграм имаат најмногу следбеници, се и папата Франциско, кого го следат пет милиони, јорданската кралица Ранја со четири милиони, турскиот претседател Реџеп Tајип Ердоган, исто со четири милиони, по што следуваат Белата куќа и британското кралско семејство.
Comments are closed for this post.