Клупата на Горан Стефановски е сосема готова! Едвај чекам да си дојде на своето предвидено место и да можеме да си седнуваме на неа со него. Е сега, не се знае кога ќе имаме можност да се собереме во Дебар Маало за поставувањето, ама важно е готова, напиша на Фејсбук неговиот син Игор Стефановски.
Втората работа е дека формиравме Здружение на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски. Целта на Здружението е едноставна: опусот на Горан да биде секогаш на дофат, во различни форми (и дигитални), дека тој не пишуваше само драми и не мора да си академик за да го разбереш. Би сакале бар едно нешто од него постојано да биде во книжарниците во нашата земја, бидејќи тој е еден од оние кај нас кои го заслужуваат тоа. Доста беше ситуација во која Диво Месо се чита во гимназија, а ја нема никаде да се купи како лектира. Тоа е таква балканска Кеч22 ситуација — баш таквите него го фасцинираа и го инспирираа. Памтам дека средношколци редовно ни тропаа на врата барајќи копија од драмата, и кога веќе немаше за давање, татко ми почна да им кажува: прашај ја учителка ти зошто немаат тие да ви дадат…“, пишува Игор.
Ова не значи дека, додава тој, ќе ве тераме на сила да ги читате неговите драми.
Сепак, би било убаво што повеќе луѓе да знаат за што се работи Диво Месо, исто како што оние во дијаспората (или оние кои планираат да отидат натаму) би требало да ја знаат премисата на Тетовирани души. Се разбира, Горан остави и многу други бисери и мудрости во есеи и говори кои се надеваме дека ќе можеме да ги прошириме во јавноста, особено за помладите генерации. Свесни сме дека нема да успееме без ваша помош и поддршка, и сакам и да ви кажам дека сме подготвени за секаков вид на соработка, со секого, за да ја реализираме нашава идеја (ова е сепак отворено здружение на граѓани). А за вас кои сè уште го читате ова, имаме мала награда/изненадување… Со цел да го обележиме нашето основање и, еве, да почнеме да го правиме она за кое сме тука, имаме 25 копии од новото издание на култната Конзервирани Импресии на Горан за давање! Во соработка со издавачот Темплум, првите 25мина кои ќе отидат на ФБ страницата на Здружението (побарајте во search…) ќе можат да си подигнат копија од нешто што навистина мора да се прочита. Затоа, посетете нè, лајкнете/зачленете се и земете си гага книвче“, напиша Игор Стефановски.
Comments are closed for this post.