Дева Касел, ќерка на Моника Белучи, дебитираше на на насловната страница на модно списание. Филмската ѕвезда, која неодамна наполни 56 години, ги пренесе емоциите на својот инстаграм профил објавувајќи ја фотографијата од насловната страница на француското издание на списанието Elle.
Првородената ќерка на Моника од нејзиниот прв сопруг, актерот Венсан Касел, има 16 години и во многу личи на својата мајка.
-Едно време имаше…едно малечко девојче…Времето лета!-напиша меѓу другото Моника на својот профил.
Comments are closed for this post.