Град Скопје го донесе буџетот за 2023 година. За него вчера расправаа советниците во Град Скопје, а беа поднесени и поголем број амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Од локалната самоуправа информираат дека е донесен развоен буџет со социјална компонента и со мерки за домаќинско и штедливо работење на градот.
– Благодарение на Советот на град Скопје и конструктивноста на сите советнички групи, граѓаните на градот Скопје за следната 2023 година имаат нешто над седум милијарди денари (7.094.386.000 денари) за реализација на проекти кои значат исполнување на програмата „За Модерно Скопје“, се вели во соопштението од Град Скопје.
Оттаму посочуваат дека во Буџетот се одвојуваат значителни средства за субвенции на социјално ранливите категории граѓани и дека продолжуваат програмите за субвенции за граѓаните кои биле актуелни и во оваа година.
– За следната година, благодарение на конструктивноста на советниците од сите советнички групи во Советот на град Скопје, за следната 2023 година граѓаните ќе добијат буџет кој ќе значи и реализација на проекти за подобрување на јавната инфраструктура, подигнување на нови зелени површини, нови содржини во зоолошката градина и реализација на новиот Луна Парк, велат од Град Скопје
Comments are closed for this post.