Во 44-то коло од играта на среќа Лото7, чие извлекување беше во сабота, се падна седумка вредна 11.966.712 денари (речиси 200.000 евра).
Според податоците, ливчето со извлечените броеви 5, 6,19, 26, 27, 31 и 34 е уплатено во Кичево.
Ова е втора седумка од почетокот на приредување на играта Лото 7, пред пет месеци, по рекордната седумка што вредеше близу 500.000 евра (29.293.930 денари).
Во историјата на Лото игрите приредувани од Државна лотарија, ова е 23-та седумка и прва во Кичево.
Comments are closed for this post.