Институтот за македонски јазик „Крсте П. Мисирков” денеска по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески ќе организира тркалезна маса „Разговори со Конески”, според истоимената книга на Цане Андреевски.

Настанот се организира под покровителство на Град Скопје, а на тркалезната маса ќе учествуваат професорите Људмил Спасов, Вера Антиќ и Благица Петковска.

Поздравни обраќања ќе имаат Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик, и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.