Руски научници во реон на вечен мраз во Сибир пронајдоа совршено зачувана глава на волк, што живел во периодот на леденото доба.
Главниот истражувач на локалниот огранок на Руската академија на науките во Јакутск, Валери Плотников изјави дека волкот угинал пред околу 40.000 години.
Станува збор за животно од древен подвид на волци, што живееле во исто време со мамутите и изумреле во приближно ист период.
Посебно значење на ова откритие е тоа што првпат е пронајдена глава на волк со ткиво и крзно и со зачувани уши, јазик и мозок.
Научниците проценуваат дека станува збор за возрасен волк, кој бил за околу 25 отсто поголем од денешните просечни волци.
Comments are closed for this post.