Градежна компанија во Перу е казнета со два милиони евра поради тоа што има срушено четири ѕидови на Инките стари повеќе од 500 години. Градежната компанија ги срушила ѕидовите за изградба на хотел во градот Куско, објави перуанското Министерство за култура.
Ѕидовите беа уништени во периодот од 2012 до 2014 година. На оваа локација беше планирано изградба на хотел Шератон со седум ката, но неговата изградба беше суспендирана во 2016 година, бидејќи се наоѓа во зоната на споменикот Кушак. Оваа област беше прогласена од Организацијата на ОН за образование, култура и наука (УНЕСКО) во 1983 година како место за светско културно наследство.
Компанијата (RG SAC) со седиште во Лима, сега ќе мора да ги сруши петте спрата од хотелот.
Куско е главен град на Империјата на Инките и изобилува со споменици од 15 и 16 век. Овој град е обично почетна точка за посета на изгубениот град на Инките Мачу Пикчу.
Comments are closed for this post.