Колку стареев, толку поскапував со услугите. Како што минуваа годините и влегов во доцните 40-ти, наплаќав 1.500 долари (1.360 евра) на час-oткри Аманда Гоф, една од најпознатите „милфици“.
Поранешната ескорт дама Аманда Гоф од Австралија реши да ги сподели тајните на својата индустрија. Имено, 45-годишната новинарка и писателка, која за време на нејзината ескорт кариера била позната и како Саманта Икс, напишала колумна за нејзините искуства кога работела како ескорт дама.
Таа им порача на жените да не се грижат кога ќе наполнат 40 години бидејќи тоа ќе биде нивната „најсекси деценија досега“.
– Како да го знам тоа? Бидејќи постарите жени со облини беа барање број еден од мажите кога ја водев мојата агенција за придружба. Мажите сакаат позрели – рекла таа.
Comments are closed for this post.