Сите патишта водат кон Велес! Фестивалот на велешка пита и вино „ПИТИЈАДА“ расте во препознатлив бренд во Македонија! Од година на година добива се поголема поддршка од граѓаните, нудејќи богата музичка програма. А оваа година, негувајќи ја македонската музика, „ПИТИЈАДА 2022“ за прв пат ќе понуди програма по вкус на сите генерации, објави градоначалникот на Велес, Марко Колев.
Петок, 7 октомври:
- Миле Кузмановски
- The hounds
- ДНК
- НОКАУТ
Сабота, 8 октомври:
- Дајте Музика
- Наум Петрески и Зуица Лазова
- Фолтин
- Каролина Гочева
Недела, 9 октомври:
- 5+бенд
- Сузана Спасовска + Академци
- ЉУБОЈНА + Brass Fantasy
- Лозано
Официјалната програма започнува секој ден во 18 часот, а следуваат и многу дополнителни содржини и изненадувања.
„Дојди во Велес! Велешката пита е највкусна кога се јаде во друштво“ – посочи градоначалникот.
Comments are closed for this post.