Планината Етна на Сицилија, Италија, почна да исфрла лава и пепел откако вулканот претходно се разбуди во јули годинава.
Шокираните жители снимија моменти кога живиот вулкан почна да исфрла лава и пепел и изјавија дека почувствувале помали земјотреси.
Етна е висока 3.330 метри и е највисок вулкан во Европа и се смета за еден од најактивните во светот. Секоја година исфрла седум милиони тони јаглен диоксид, вода и сулфур, а во 2011 исфрли 70 милиони тони лава.
Последната експлозија се смета за една од помалите.
Comments are closed for this post.