„Вигна.мк“ е нов, автоматски конјугатор на глаголи. Ваквата електронска алатка дозволува глаголска конјугација според Правописот на македонскиот јазик, а глаголите се менуваат според свршената, несвршената и двовидската парадигма.
Главен истражувач на „Вигна.мк“ е Владимир Цветковски, а на интердисциплинарниот проект работеле и истражувачките Катарина Ѓурчевска Атанасовска и Соња Китановска Кимовска. Изработката на оваа електронска алатка за македонски јазик траела 5 години, почнувајќи во 2016 година.
Comments are closed for this post.