Британскиот ко-автор, Ед Ширан откри дека од неодамна е во брак со својата другарка од детството Чери Сиборн. Во интервју за „iHeartRadio“ говореше за текстот во неговата нова песна која ја снимал со Еминем и 50 Цент – „Remember My Name“, во која Чери ја нарекува своја сопруга.
Всушност јас ја напишав пред јас и Чери да се венчаме, но знаев дека ќе стапиме во брак уште пред песната да биде објавена – вели популарниот пеач, а пренсува CNN.
Некој ќе ја слушне песната и ќе рече: Ох, па тие се венчале! Не знаев како ќе го протолкуваат тоа, но очигледно веќе се знае – додаде тој.
Ед Ширан и Чери Сиборн се знаат уште од деца, но започнале да се забавуваат дури во 2015. година, кога заедно биле на забава која ја организирала Тејлор Свифт по повод 4. јули, денот на американската независност.
Comments are closed for this post.