Советот на модни дизајнери на САД ја прогласи Џенифер Лопез за модна икона на годината. Латино дивата ќе ја прими наградата на 3 јуни на церемонија во Бруклинскиот театар во Њујорк.
Во финишот на трката за престижната награда учествувале Ријана, Бјонсе, Лејди Гага и легендарниот модел Наоми Кембл.
Претседателот на жирито на Советот, Стивен Колб, подвлече дека не е лесно да се донесе одлука кому да му биде врачена оваа престижна титула, зашто секогаш има многу потенцијални кандидати.
Одлучувачко Лопез да ја добие наградата беше нејзиното редовно присуство во светот на модата, но и нејзината храброст да носи се, рече Колб.
Comments are closed for this post.