Тапанарот Драгољуб Ѓуричиќ (68) починал денеска во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград како последица од корона вирусот објави Блиц.
Познатиот музичар свиреше во групите „Леб и сол“, „Кербер“, настапување со Ѓоѓе Балашевиќ и Здравко Чолиќ, како и со други познати изведувачи.
Ѓуричиќ еден месец се бореше со опасниот вирус, а беше хоспитализиран на 24 февруари. Состојбата му се подобрила пред пет дена и бил исклучен од респиратор, но денеска за жал ја загубил битката.
Comments are closed for this post.