На фестивалската сцена во Битола, италијанската филмска дива со светска кариера, Клаудија Кардинале, ја доби специјалната награда „Златна камера 300“. Во нејзина чест, на втората фестивалска вечер ќе биде прикажан филмот „Благородни лаги“.
Британскиот кинематогафер и оскаровец, Роџер Дикинс, ја доби наградта Златна камера 300 за животно, додека со одлука на Друштвото на филмските професионалци на Македонија, годинава наградата „Голема ѕвезда“ и беше доделена на актерката Милица Стојанова.
Оваа награда ми значи многу затоа што се разликува играта пред камера од театарот, но е еднаква по уметничкиот предизвик – изјави Стојанова, заблагодарувајќи се публиката и на сите режисери кои и пружиле можност да се сплоти со животот на разни луѓе пред камерите.
Во големата сала на битолскиот Центар за култура имаше проекција на филмот „Истребувач 2049“ во чест на кинематограферот-лауреат, Роџер Дикинс, кој токму за овој филм го доби „Оскарот“ по 13 номинации.
До затворањето идната сабота под фестивалскиот слоган „Симнуваме капа“ ќе бидат прикажани 95 филма во 14 програми.
Фестивалот на 29 септември ќе заврши со доделување на наградите од главната програма, а за затворањето ќе биде прикажан краткиот филм „Скаут“ на македонскиот режисер Алекс Цветков, кој живее во САД.
Comments are closed for this post.